Телевизиите и радијата до недела да ги достават ценовниците за политичко рекламирање
19.10.2016 11:28
Цената за секунда платено политичко рекламирање не смее да биде повисока од просечната цена за рекламирање, пресметната како просек од последните три месеци пред денот на распишувањето на изборите.

Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено- политичко рекламирање за време на изборната кампања, најдоцна до недела, 23-ти октомври, треба да ги утврдат и достават ценовниците, укажуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Цената за секунда платено политичко рекламирање не смее да биде повисока од просечната цена за рекламирање, пресметната како просек од последните три месеци пред денот на распишувањето на изборите.
За време на изборниот процес не е дозволена промена на ценовниците.
