Стипендии од ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО за 14 студенти на ФЕИТ
Стипендиите се со месечен износ од по 6.000 денари, а ќе може да ги користат до крај на студирањето доколку го задржат сегашниот просек.

Четиринаесет студенти на Електро-техничкиот факултет станаа стипендисти на најголемите енергетски компании. Покрај финансиската поддршка во ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, студентите ќе одат и на практична работа со ментори.
Стипендиите се со месечен износ од по 6.000 денари, а ќе може да ги користат до крај на студирањето доколку го задржат сегашниот просек.
Раководствата на енергетските компании и на ФЕИТ на доделувањето на стипендиите истакнаа дека ваквата воспоставена соработка придонела за поголем интерес за студирање на електроенергетските насоки, како и за ангажирање во компаниите.
Ова е шеста генерација студенти од Електро, добитници на стипендии. Првите се веќе вработени во овие енергетски компании.
