Вељаноски со покана до меѓународните набљудувачи

19.10.2016 13:04

Вељаноски во поканата нагласува дека за намерата да ги следат изборите, меѓународните организации да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите...

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, упати покани до претседателите на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на Европскиот парламент, на Парламентарното собрание на Советот на Европа и на Парламентарното собрание на НАТО по намерата нивни делегации да учествуваат во набљудувањето на предвремените парламентарни избори.

Вељаноски во поканата нагласува дека за намерата да ги следат изборите, меѓународните организации да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите. Според роковникот, барање за набљудување на предвремените парламентарни избори може да се поднесе од денот на распишување на изборите заклучно со 6 декември.

Вељаноски вчера потпиша решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието, кои ќе се одржат на 11-ти декември годинава.