Николовски: Пратка со опасен пијалак во Македонија

19.10.2016 13:17

Николовски обвини дека во земјава во февруари е влезена пратка со алкохолен пијалак, кој претставува закана за здравјето на граѓаните. Побара одговори од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, обвини дека во земјава во февруари е влезена пратка со алкохолен пијалак, кој претставува закана за здравјето на граѓаните. Побара одговори од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Бараме одговор, што е превземено по стручното мислење добиено од Институтот за јавно здравје од 12.02.2016 година? Како и по кој правилник или одредба од законот преку АХВ е дозволено на пазарот во Македонија да се најде производ алкохолен пијалок со висока содржина на кофеин? Дали за оваа пратка од февруари, АХВ има донесено решение за повлекување, уништување, ставање вон промет или други мерки?, праша Николовски.

Според него, директорот на АХВ, Зоран Поповски е должен веднаш да одговори на овие прашања.