Комплексен пристап кон колективниот договор
Регулирање на набавката на униформа преку систем-ваучер, усогласувањето на платите до 2018-та, планирање на работното време, тенденцијата за решавање на прекувремениот ангажман на полициските службеници, ова се само дел од темите што ги разгледувале македонскиот полициски синдикат и дополнителниот заменик министер за внатрешни Андонов...

Регулирање на набавката на униформа преку систем-ваучер, усогласувањето на платите до 2018-та, планирање на работното време, тенденцијата за решавање на прекувремениот ангажман на полициските службеници. Ова биле само дел од темите кои ги разгледувале на денешната седница на Македонскиот полициски синдикат членовите и дополнителниот заменик- министер за внатрешни работи, Оливер Андонов. Реализацијата на договореното ќе следи по формирањето на новата влада.
Според Андонов не треба парцијално да се решаваат проблемите со кои се соочуваат полициските службеници.
Барањето за дополнување на колективниот договор во делот за полицајците кои работат во издвоените објекти од Македонскиот полициски синдикат велат дека го доставиле во април. Беше потпишано пред неколку дена.
Неговата измена е времена, затоа што од МПС најави стартување на нов колективен договор во мај 2017-та.
Наташа Гркова- Петрушевска
