„Топлик“ и „Тендери“ - нови истраги на СЈО
20.10.2016 12:34
Првата истрага се однесува на проектот „Сончев град“, а втората на проектот „Скопје 2014“...

„Топлик“ и „Тендери“ се двете нови истраги што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, поради основано сомневање за оштетување на државниот буџет.
Првата истрага се однесува на проектот „Сончев град“, под сомнение дека државната каса била оштетена за над 1,4 милиони евра. Злоупотребата, како што тврдат од Специјалното обвинителство, била извршена во Министерството за транспорт и врски.
Втората истрага, именувана како „Тендери“, се однесува на проектот „Скопје 2014“.
