Караџовски: Да престанат притисоците врз судската бранша
20.10.2016 13:01
Караџвоски потенцира дека недоличното однесување на одредени чинители во македонското општество кон судската фела покажува нивно неразбирање на нејзината позиција како трета независна власт...

Да престанат притисоците врз судската бранша, повика првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Ова особено се однесува на медиумите, потенцираше тој, по неговата изјава за судијките кои биле повикани во СЈО.
Караџовски нема информација дали е прифатена судската наредба во УБК.
Караџовски потенцира дека недоличното однесување на одредени чинители во македонското општество кон судската фела покажува нивно неразбирање на нејзината позиција како трета независна власт, а со самото тоа загрозување на независната положба на судиите.
