Обвинителите на СЈО сѐ уште се во УБК
Обвинителката Ленче Ристоска рече дека едната наредба е за одземање на службена документација за посебните истражни мерки, а другата е за претрес на компјутерскиот систем за да се утврди кои телефонски броеви биле предмет на следење.

Тимови на СЈО сѐ уште се во УБК кадешто постапуваат по двете наредби на Кривичниот суд, а во врска со предистражната постапка за да се утврди кој прислушувал.
Обвинителката Ленче Ристоска рече дека едната наредба е за одземање на службена документација за посебните истражни мерки, а другата е за претрес на компјутерскиот систем за да се утврди кои телефонски броеви биле предмет на следење. Обвинителите, како што рече Ристоска, вршат попис на одземените предмети, по што ќе следува одземање на книгите за евиденција.
Двајцата експерти кои работат во техничкиот дел на УБК и кои можат да влезат во системот за следење на комуникациите, како што рече Ристоска не се во државата, но рече и дека СЈО добило уверување од УБК дека тие во текот на денот ќе се вратат во земјава за да може да се пристапи кон извршување на судската наредба.
