Попоски во Берлин: Успешно спроведување на изборите
Најголем интерес во овој момент е посветен на квалитетот на изборниот процес. Тоа ќе биде главниот предуслов за да можеме да се надеваме дека понатаму ќе се капитализираат предходните препораки за отпочнување на процесот на преговори ...

Сите да се посветиме, во Македонија успешно да се спроведат изборите, и на тој начин да се отворат поглавјата за преговори со Унијата, изјави по средбата со германскиот министер за надворешни Франк Валтер Штајнмаер, шефот на нашата дипломатија, Никола Попоски.
„Најголем интерес во овој момент е посветен на квалитетот на изборниот процес. Тоа ќе биде главниот предуслов за да можеме да се надеваме дека понатаму ќе се капитализираат предходните препораки за отпочнување на процесот на преговори со Република Македонија и за отварање на една појасна европска перспектива. Мислам дека секој разумен човек во овој момент во Македонија треба да се посвети на што е можно попозитивна клима и што е можно поуспешно спроведување на изборниот процес на 11-ти декември“, изјави Попоски.
Шефот на македонската дипломатија денеска со своите соговорници ја продолжил комуникацијата со меѓународните партнери на Македонија со цел поголемо присуство на странски набљудувачи на изборите кои што ќе треба да го потврдат коректниот изборен процес.
