Судиите под притисок, наредбите не им поминуваат

20.10.2016 15:09

Да престанат притисоците врз судската бранша, повика првиот човек на Судскиот совет Зоран Караџовски. Ова особено се однесува на медиумите, потенцираше тој, по неговата изјава за судијките кои биле повикани во СЈО. Караџовски нема информација, дали е прифатена судската наредба во УБК...

Сослушувањето на петте судии од Управниот суд од Специјалното јавно обвинителство за првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски, преставувало пристисок врз судството. Посочи дека судиите биле повикани во сјо поради донесените пресуди за изборните процеси. Според него, како што рече, никој не смее да се осмели да испрашува судија за негова пресуда.

Судиите не се над правдата, возврати на наводите на Караџовски обвинителката Ленче Ристоска, одговарајќи на новинарско прашање.

На прес конференцијата, пак, Караџоски одби да коментира дали неизвршувањето на судска пресуда од страна на УБК е, исто така, притисок врз судството.

Караџовски не појасни зошто изостанала поддршката од Советот за судиите кои претходно беа кривично гонети. Но, рече дека сега, тој и членовите на Советот, ќе водат бескомпромисна битка за зачувување на независноста.

 

Фиљана Кока