Канческа- Милевска: Работено е според законот

20.10.2016 17:13

Ги отфрли наводите за сторен криминал при изградбата на Музејот на македонската борба. Ги оквалификува како паушални и озборувачки.

На пресот на Специјалното обвинителство реагираше министерката за култура. Ги отфрли наводите за сторен криминал при изградбата на Музејот на македонската борба. Ги оквалификува како паушални и озборувачки.

Сите изнесени обвинување се неточни и енергично и ги отфрлам во целост. Тврдам дека тезите на Фетаи се „рекла-казала“, со кои СЈО сака да стави дамка на моето работење и на Министерството за култура. Целиот проект е воден согласно законите. Сите проекти и сите постапки се работени според законите. Проектите се чисти како солза. Спроведувани се согласно законите во нашата држава. Секој може да дојде да ги погледне документите и да се увери во нивната законитост,  рече Канческа Милевска.

Таа вели дека договорот со градежната фирма се однесува на градежни и градежно-занаетчиски работи, набавка која не се однесува за изградба на Музејот на ВМРО, туку за партерно уредување околу Музејот. Презентира и документи, за кои тврди дека покажуваат оти се било согласно законските прописи.