Почна групирањето на земјоделското земјиште

21.10.2016 10:16

Продолжува окрупувањето на нивите по селките атари. Првите групирани парцели се во село Eгри - битолско по барање на тамошните земјоделци. На селаните ќе им се помогне во инфраструктурата со пристапни патишта и со системте за одводнување.

Почна окрупнувањето на земјоделското земјиште. Во село Егри, битолско завршени се подготовките за првата консолидација со нова распределба на земјоделските парцели.

Селаните ќе добијат финансиска поддршка за покривање на трошоците од консолидацијата. Покрај групирањето на распрсканите земјоделски површини, ќе ќе се помага и со уредување на земјиштето за обезбедување пристап до нивите и до постоечкиот систем за наводнување.Треба да се изгради и новата патна инфраструктура и систем за одводнување.

Постојноте 170.000 земјоделски стопанства во Македонија имаат просечна земјоделска површина од само 1,85 хектари, а дури 63 проценти од имотите се помали од 1 хектaр. Просечната големина на катастарската парцела е 0,6 хa, а стопанствата имаат од 4 до 7, па и повеќе парцели кои се просторно оддалечени.

 

Методија Трајков