Канческа-Милевска и Јанакиески денеска на распит во Кривичниот суд

21.10.2016 10:33

Специјалното јавно обвинителство за нив како и за останатите осомничени во предметите „Тендери“ и „Топлик“ побара судот да им изрече мерки на претпазливост. Се товарат дека го оштетиле државниот за 2 милиони евра.

Министерката за култура и екс- министерот за транспорт и врски, во текот на денот треба да се појават на распит кај судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд.

Специјалното јавно обвинителство за нив како и за останатите осомничени во предметите „Тендери“ и „Топлик“ побара судот да им изрече мерки на претпазливост. Се товарат дека го оштетиле државниот за 2 милиони евра.

Двете истраги се однесуваат на проектот „Сончев град“ и за изградбата на Музејот на револуционерната борба.

По објавувањето на двата нови предмети, министерката за култура и од транспорт и врски посочија дека Специјалното јавно обвинителство e продолжена рака на СДСМ, поради нивните, како што беше речено, конструирани случаи.