Почнува четвртиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“
Во Кинотеката на Македонија ќе бидат активностите од програмата за јуниори (деца од 10 до 13 години), а кадетите (14-16 години) и сениорите (16-18 години) настаните ќе ги следат во Младинскиот културен центар.
Петнаесет филма (по пет во категориите: Јуниори, Кадети и Сениори) се во официјалната селекција на 4-тиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ кој ќе се одржува од денеска до 26-ти октомври со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и „Giffoni Experience“ од Италија.
Во Кинотеката на Македонија ќе бидат активностите од програмата за јуниори (деца од 10 до 13 години), а кадетите (14-16 години) и сениорите (16-18 години) настаните ќе ги следат во Младинскиот културен центар.
Во кино „Милениум“ ќе биде свеченото отворање на фестивалот (во 19.30 часот со филмот „Италијанска трка - брз како ветрот“ на Матео Роверо) и затворањето и прогласувањето на победниците на 26 октомври.
На програмата на фестивалот се филмови од Италија, Германија, Русија, Шведска, Данска, Шпанија, Бразил, Непал, кои биле на најпознатите и најголемите меѓународни филмски фестивали, како и на фестивали посветени на младите.
