„За подобра Македонија“: Со изборите е вратена смислата за демократијата
Средба на партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“. Коалицијата е подготвена за изборите, и се прават последните подготовки околу програмата. Груевски најави дека ќе биде носител на листа. Смета дека СЈО има пристап до сѐ во УБК...

Генерален заклучок од средбата е дека со распишувањето на изборите вратена е смислата на демократијата во земјава. Коалиционите партнери сметаат дека кризата во Македонија може да се реши на мирен и демократски начин, а тоа единствено може да се случи само преку избори.
Силите не треба да се растураат туку напротив треба да се концентрираат, смета претседателот на ГРОМ, Јакимовски.
Максимално сме присутни на терен и сме во постојана комуникација со граѓаните. Македонија мора да излезе стабилна од оваа криза во која што ја донесе опозицијата, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Груевски најави дека ќе биде носител на листа на претстојните избори. Беше прашан и што се крие во УБК што СЈО немаат пристап.
На средбата со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“ беа разменети информации и гледишта околу партиската подготовка за претстојните парламентарни избори закажани за 11-ти декември годинава.
Ана Јосифоска- Тодоровска
