Земјотрес утрово во Карбинци

25.10.2016 11:11

Според Рихтер земјотресот е со магнитуда од 2,7 степени.

Изутрината околу 8 часот и 11 минути е регистриран земјотрес со епицентар 59 километри источно од Скопје, западно од Карбинци, на длабочина од околу 8 километри.

Според Рихтеровата скала, потресот бил со магнитуда од 2,7 степени.

Во изминативе два дена земјотреси беа регистрирани во Турција, Грција и во Албанија.