Врвната пијанистка Тамара Стефановиќ- солист со Македонската филхармонија
Поради болест, пијанистот Лукаш Вондрачек го откажа своето гостување во Скопје.

На симфонискиот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 27-ми октомври во Домот на АРМ во 20 часот, насловен „Рапсодија“, ќе настапи врвната пијанистка од Србија со завидна светска кариера, Тамара Стефановиќ.
Пијанистката Тамара Стефановиќ која настапува во сите прстижни концертни сали во светот, соработувајќи со врвни диригенти како Еса-Пека Салонен и Владимир Ашкенази, ќе го изведе атрактивниот Концерт за пијано бр. 21 од Волфганг Амадеус Моцарт.
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи под диригентската палка на импресивниот маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата се и атрактивната Увертира од операта „Руслан и Људмила“ од Михаил Глинка, како и Првата симфонија од Дмитри Шостакович, дело кое ќе го направи популарен рускиот музички композитор и надвор од неговата земја.
