„Унитети“ ги оспори изборите пред Уставниот суд поради шестата изборна единица
25.10.2016 12:47
Доскорешниот пратеник Зулфи Адили вели дека законот се кршел и со тоа што има поголем број гласачи од дозволеното во шестата изборна единица...

„Унитети“ со иницијатива до Уставниот суд за оспорување на одлуката за распуштање на Собранието. Доскорешниот пратеник Зулфи Адили вели дека законот се кршел и со тоа што има поголем број гласачи од дозволеното во шестата изборна единица.
„Оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ го крши Уставот и Изборниот законик, со тоа што оставија намерно во шестата изборна единица да има огромни отстапувања во бројот на гласачите. Зошто еден гласач од Струмица или од Штип, на пример, да биде побитен од гласачот кој гласа во Тетово, Гостивар во шестата изборна единица“, изјави Адили.
