Груевски за „Форбс“: Со изборите Македонија излегува од кризата
„Форбс“ објави интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое најавува победа на неговата партија на изборите на 11-ти декември...

Американското списание „Форбс“ објави интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое најавува победа на неговата партија на изборите на 11-ти декември, и дека со тоа, земјата излегува од периодот на политичка неизвесност.
„Точно е, ние поминавме низ тешка криза, која сѐ уште не е целосно завршена. Но, во ниту еден момент не престанавме да работиме со бизнис заедницата. Нашата економија продолжи да расте. Не го нарушивме кредитниот рејтинг. Убедивме неколку нови компании да инвестираат во Македонија. Нема да биде совршено, но мислам дека земјата сега оди во подобра насока. Да видиме што ќе кажат гласачите“, вели Груевски во интервјуто за „Форбс“.
