Основен суд Скопје 1: Со постапките на СЈО се прават спектакли
Сите информации кои се поврзани со истражни и предистражни постапки на некое од обвинителствата, вклучувајќи го и Специјалното, треба да се бараат од странките во постапките, велат од судот...

Од Основен суд Скопје 1 соопштуваат дека сите информации кои се поврзани со истражни и предистражни постапки на некое од обвинителствата, вклучувајќи го и Специјалното, треба да се бараат од странките во постапките.
„Со оглед на тоа дека со постапките на СЈО се прават спектакли со кои секојдневно се занимава јавноста преку прес- конференции и телевизиски излагања, а истовремено, не се води смета за пресумцијата на невиност и законитоста на постапките, судот, респектирајќи го дигнитетот на судската власт, нема да учествува во ваков вид на спектакли. Наместо тоа, отсега, благовремено и прецизно ќе ја информира јавноста за сите донесени одлуки преку соопштенија“- се вели во дописот од Основниот суд Скопје 1.
