Јавното обвинителство со отворено писмо до Катица Јанева

25.10.2016 14:53

Обвинителите искажуваат незадоволство од нејзиното постапување, и според нив, од наводната непрофесионалност на штета на Јавното обвинителство...

Отворено писмо од скопското Јавно обвинителство до Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во кое обвинителите искажуваат незадоволство од нејзиното постапување, и според нив, од наводната непрофесионалност на штета на Јавното обвинителство.

Обвинителството, согласно со законот, вели дека на СЈО му предало 35 оформени предмети, кои биле работени од 23 различни јавни обвинители, меѓу кои и некои што сега работат во СЈО.

За само еден стручен соработник преземен од обвнителството, потсетуваат дека за тоа е потребна согласност од вработениот, но само еден од нив прифатил да мине во СЈО, потсетуваат од Основното јавно обвинителство.