Македонски средношколец деветти на Мајкрософт офис шампионатот во Орландо
Јас го остварив својот сон, никогаш не се откажувајте од она што го сакате- им порача Марко на своите врсници. Иднината ни е преспективна, овие млади се водечката сила, рече министерката Марта Арсовска- Томовска.

Седумаесетгодишниот Марко Марковиќ е меѓу десетте најдобри Мајкрософт офис специјалисти во светот. На натпреварот во Орландо, ја освои деветтата позиција за презентацииите во Пауер поинт.
Јас го остварив својот сон, никогаш не се откажувајте од она што го сакате- им порача Марко на своите врсници. Иднината ни е преспективна, овие млади се водечката сила, рече министерката Марта Арсовска- Томовска.
Ова покажува дека Република Македонија има свои играчи во дрим тимот на најдобрите светски програмери и Мајкрософт специјалисти, со оглед дека Мајкрософт е една од најголемата информатичка компанија во светот. Ова доволно говори за податокот дека навистина посветуваме сериозно внимание и даваме голем придонес како држава во развојот на младите информатичари, изјави Арсовска- Томовска, потенцирајќи дека информатиката е најнаградувана научна дисциплина од државава.
