ДИК: Пријавени 1.011 граѓани кои се во странство

25.10.2016 15:24

Од пријавите, 515 се прифатени, 32 се одбиени, додека 464 се во фаза на обработка.

Државната изборна комисија соопшти дека заклучно до 14 часот денеска, вкупно 1.011 граѓани кои се на привремена работа или престој во странство се пријавиле за гласање за претстојните предвремени избори преку електронската веб апликација.

Од пријавите, 515 се прифатени, 32 се одбиени, додека 464 се во фаза на обработка.

Од ДИК потсетуваат дека пријавувањето за гласање за предвремените избори за пратеници во дијаспората ќе трае до 11-ти ноември 2016-та година.