Арсовска- Томовска: Вработените во администрацијата да не вршат партиска пропаганда
Секоја форма на притисок закана и уцена е кривично дело и треба да се пријави, за да се процесуира до јавното обвинителство- апелира министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска- Томовска.

Секој вработен во јавниот сектор е должен во работно време и на работно место место да се однесува професионални и политичко неутрално, да не врши партиска пропаганда и да не учествува во партиски актовности. Секоја форма на притисок закана и уцена е кривично дело и треба да се пријави, за да се процесуира до јавното обвинителство- апелира министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска- Томовска.
Арсовска- Томовска бара Јавното обвинителство да каже дали лицата кои вонинституционално прибираат податоци за предизборни притисоци досега воопшто доставиле каква било пријава или докази за сторено кривично дело.
Само таквиот податок, според Арсовска- Томовска, е релевантен да се оцени сериозноста на тие активности. Непријавувањето кривично дело е исто така кривично дело, рече на прес-конференција Арсовска- Томовска, оценувајќи дека повиците од дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски да се пријавуваат кривични дела за предизборни притисоци на приватни веб- страници, вонинституционално, се надвор од законските процедури и се користат само за медиумски кампањи и политичка промоција.
