ИОМ: Европски и национални сценарија за мигрантите
Од почетокот на годинава, во континентов влегле вкупно 349 илјади мигранти, најмногу преку Италија, вели во интервјуто за Македонската телевизија, Соња Божиновска-Петрушевска, шефицата на Мисијата на меѓународната организација за миграција во земјава.

Планот за решавање на миграциската криза содржи сценарија. Од почетокот на годинава, во континентов влегле вкупно 349 илјади, најмногу преку Италија, вели во интервјуто за Македонската телевизија, Соња Божиновска-Петрушевска, шефицата на Мисијата на меѓународната организација за миграција во земјава. Има координиран настап со владините институции, ИОМ работи заедно со нив на овозможувањето услови во двата прифатни центри во Гевгелија и во Табановце. Се финансира и лекувањето на мигрантите, вели шефицата на ИОМ.
Целосното интервју на Зоран Богатинов со шефицата на Меѓународната организација за миграција во Македонија, ќе го емитуваме во деновите од викендот.
