Нови 10 подвижни аптеки во 10 региони
Лековите ќе се доставуваат со посебно возило, а ќе ги дава фармацевски техничар. Граѓаните кои живеат во населени места со помалку од 1.000 жители ќе имаат можност да ја користат оваа здравствена услуга.

Десет нови лиценци за „подвижни аптеки“ во десет реони. Оваа одлука вчера ја донело Министерството за здравство. Доделени се за Велес, Чашка, Градско и Лозово.
Оваа мерка, како што посочи министерот Тодоров, е за нови 10 подвижни аптеки во 10 региони со што ќе се опфатат 542 населени места или над 463.000 жители ќе можат за првпат најголем дел од лековите да ги добијат во нивниот дом и населено место. Истакна дека претходно биле донесени и склучени договори со подвижни аптеки во шест региони кои опфаќаа над 50.000 жители и 304 населени места.
Лековите ќе се доставуваат со посебно возило, а ќе ги дава фармацевски техничар. Граѓаните кои живеат во населени места со помалку од 1.000 жители ќе имаат можност да ја користат оваа здравствена услуга.
Секое населено место се посетува најмалку еднаш месечно. Овој проект е поврзан со „Рурален доктор“ и „Рурални аптеки“, велат од Министерството за здравство.
