Почнува граѓанската акција „Ние одлучуваме“
Повеќе граѓански организации почнаа акција под мотото „Ние одлучуваме“. Велат дека целта им е да ги информираат, мотивираат и охрабрат граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори...

Регистрација на злоупотреби на институции за изборни цели, закани или заплашивања граѓани, инфомирање на јавноста за актуелните случувања. Ова се целите на граѓанската акција насловена „Ние одлучуваме“, која во пресрет на изборите има за цел да го мотивира електоратот да излезе на гласање.
Тајноста на личните податоци на граѓаните кои ќе пријават злоупотреби ќе биде загарантирана, велат активистите. Нерегуларности ќе може да се пријават на бесплатниот телефонски број 0800 88 888.
Акцијата во којашто се вклучени дваесетина граѓански организации ќе се спроведува во цела Македонија.
Анита Димитријевска
