ДИК: За гласање пријавени 1.519 граѓани кои живеат во странство

26.10.2016 17:09

Како што соопшти ДИК, прифатени се 977 пријави, 47 се добиени, а 495 се во процес на обработка...

Вкупно 1.519 граѓани на Република Македонија кои живеат во странство се пријавиле до денеска до 15 часот се пријавиле за гласање преку електронската апликација на веб страната на Државната изборна комисија.

Од нив, како што соопшти ДИК, прифатени се 977 пријави, 47 се добиени, а 495 се во процес на обработка.

Државната изборна комисија, ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.

Пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии  ќе трае до 11 ноември 2016 година.