Нема повредени македонски граѓани во серијата земјотреси во Италија

27.10.2016 10:19

Министерството за надворешни работи ги повика сите заинтересирани за прашањата поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, да се обратат на дежурните телефони во македонската Амбасада во Рим...

Нема повредени македонски граѓани во синоќешниот земјотрес што ја погоди централна Италија. Земјотресот бил со магнитуда од 6,1 Рихтери, но оваа информација подоцна е коригирана од Цивилната заштита на Италија, според која земјотресот бил со јачина од 5,9 Рихтери.

Според последните информации десетина граѓани побарале помош од медицинските служби. Има големи материјални штети во селото Асита, 70 километри од Перуџа.

Министерството за надворешни работи ги повика сите заинтересирани за прашањата поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, да се обратат на дежурните телефони во македонската Амбасада во Рим или во Министерството за надворешни работи.

 

Лица за контакт:

Министерство за надворешни работи: Силвана Ивановска

Мобилен телефон: +38972 239 052

Е-пошта: [email protected]

Амбасада на Република Македонија во Рим:

Емилија Николовска

Мобилен телефон: 00393889050310

Семра Рамадани Алими

Мобилен телефон: 00393485273136

Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rоme

Е-пошта: [email protected].