Почна вакцинацијата против сезонски грип
27.10.2016 10:25
Вакцината чини 400 денари. Таа штити од три типа на вируси...

Во земјава почна вакцинацијата против сезонскиот грип. Таа ќе се одвива од 8 до 18 часот од понеделник до петок и од 8 до 14 во сабота.
Вакцината чини 400 денари. Таа штити од три типа на вируси, наменета е главно за хронично болни лица, со намален имунитет и за здравствените работници.
