Јолевски- Хојт Ји: Македонија продолжува со реформите во одбраната

27.10.2016 10:30

Mинистерот Јолевски информираше за реформите во одбраната, за модернизација на Армијата во согласност со НАТО стандардите, за учеството во НАТО и другите мировни мисии.

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски кој е во работна посета на САД, вчера оствари средба заменик помошник државниот секретар Хојт Брајан Ји. Mинистерот Јолевски информираше за реформите во одбраната, за модернизација на Армијата во согласност со НАТО стандардите, за учеството во НАТО и другите мировни мисии.

Беше разговарано и за процесот за изработка на нова стратегија за одбрана и стратегискиот преглед на одбраната. Главниот град на земјава од пред две недели е и седиште на Штабот на регионалните наменски медицински сили, а министрите за одбрана од регионот во Рим одлучија Штабот на мултинационалната бригада за Југоисточна Европа да биде лоциран во Македонија.

На средбата Јолевски истакнал дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО е значајна како за стабилноста на земјата, така и за регионот и пошироко Европа, и затоа е потребно да и се упати покана за членство во НАТО. Македонија докажа дека го заслужува местото во НАТО, со начинот на справување со мигрантската криза, како и соработката со армиите во НАТО.