Груевски во Лондон на средби со британски парламентарци
27.10.2016 12:51
Груевски при средбата со актуелниот лидер на Долниот дом, Дејвид Литингтон разговарал за соработката за актуелните случувања и предизвици со кои се соочува земјата.

Во рамките на партиската посета на Лондон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари повеќе работни средби со лордови и пратеници во Парламентот во Велика Британија.
Груевски при средбата со актуелниот лидер на Долниот дом, Дејвид Литингтон разговарал за соработката за актуелните случувања и предизвици со кои се соочува земјата.
На средбата со лордот Каланан акцент е ставен врз економските реформи за зголемување на стандардот на граѓаните. Со пратеничката во Парламентот, Гилан е дискутирано за британската поддршка за членство на Македонија во НАТО.
