ДИК утре ќе го стави на увид избирачкиот список
27.10.2016 13:02
Според најавите, јавниоѕ увид на избирачкиот список треба да трае до 16-ти ноември.

Утре ДИК треба да го стави на јавен увид избирачкиот список. Тој според најавите треба да трае до 16-ти ноември.
Во меѓувреме, пронајдените 30-тина илјади спорни гласачи се уште може да се пријават до комисијата за гласањето на 11-ти декември.
Од утре исто така почнува да тече времето и за собирање потписи за независните пратеници.
