Сообраќајка во Скопје: Прегазена девојка се бори за живот

27.10.2016 13:11

Девојката според очевидци минувала на пешачкиот премин на крстосницата на булеварот со улицата „Орце Николов“...

Повторно сообраќајка во Скопје кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Синоќа автомобил Голф удрил во 23 годишна девојак од Прилеп која со тешки повреди била пренесена во Ургентниот центар.

Несреќата се случила во 22 часот, полицијата извршила увид на местото на настанот, девојката според очевидци минувала на пешачкиот премин на крстосницата на булеварот со улицата „Орце Николов“.