Почна со работа Унивезитетот „Мајка Тереза“

27.10.2016 13:30

Вкупно 14 студиски програми ќе бидат предавани на албански, англиски и македонски јазик. За новиот универзитет од буџетот се издвоени 80 милиони денари. Одликата за основање беше донесена во декември минатата година.

Почна со работа Унивезитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Шестиот државен универзитет во земјава е составен од пет факултети- за технички науки, градежништво и архитектура, за технолошки науки, за информатика и за социјални науки.

Вкупно 14 студиски програми ќе бидат предавани на албански, англиски и македонски јазик. За новиот универзитет од буџетот се издвоени 80 милиони денари. Одликата за основање беше донесена во декември минатата година.

На првиот оглас за наставен кадар, аплицирале 170 кандидати, од нив избрани се 45 кои ги исполнуваат условите. Во тек е втор оглас за наставен кадар.

Според ректорот на универзитетот Азис Положани, основањето е оправдано бидејќи треба да обезбеди кадар потребен на пазарот на труд, а фокусот е ставен и на внатрешна кохезија и сопфатна итеграција.