Комуната на Власите бара да се врати правото на сопственост над Влашката црква во Битола
Ново недоразбирање со црковен имот во Преспанско- пелагониската Епархија. Комуната на Власите бара под итно да им се врати правото на сопственост над влашката црква „Св. Константин и Елена“ во Битола. Владиката Петар вели дека тоа е во духот на регулирањето на имотно- правните прашања имотот останува на црквата, а не смее да биде во сопственост на некаква комуна, и таа останува како влашка црква со истото име...

Влашката зедница од Битола револтирана по сознанието дека им е одземено правото на сопственост над црквата „Св. Константин и Константин“. Спорот помеѓу Комуната на власите и митрополитот г. Петар настанал откако црковниот одбор при вадење на документ за легализација на доплнително изграден објект, открил дека на 23-ти март има промена во сопственоста.
„По вадењето на документацијата се зачудив, видов дека на тој ден на половина час пред полноќ е извршена промена на сопственоста односно од наместо на комуната на власите стоеше дека е сопственост на Преспанско- пелагониската Епархија“, вели претседателот на црковниот одбор Симеон Карабелевски.
Црквата уште од турско била во во сопственост на Власите, опстоила во различни историски предизвици. Ние и денеска остануваме под јурисдикција на МПЦ и како етнос, единствени сме што ја признаваме, велат од комуната. Не биле задоволни по првчните контакти со владиката. Апелираат во разрешувањето да се вклучи и највисокото тело на МПЦ.
„Пред недела дена бевме кај владиката, но не добивме конкретен одговор“, вели членот на Комуната, Нико Поп Никола.
„Го повикуваме синодот на МПЦ да се вклучи во решавањето на овие недолични постапки“, изјави претседателот на Комуната на Власите Христо Чолаковски.
„Оваа постапка е во духот на регулирањето на имотно правните прашања со процесот на денационализација. Никој не спори дека таа црква е Влашка и за тоа можеме да им дадеме документ“, вели митрополитот г. Петар.
Ова црква поминала низ многу прмрежја во својот опстанок. Со многу мудрост за време на Отоманското ропство во 1905 година била изградена на местото од сегашниот хотел Епинал. По нејзиното рушење од 1969 година опстојува во битолското Влашко маало.
Стевче Митревски
