„Мост“ го почна процесот на набљудување на предвремените парламентарни избори
28.10.2016 12:33
Од „Мост“ велат дека на 11-ти декември, на денот на изборите, ќе бидат ангажирани вкупно 3.300 луѓе.

Граѓанската асоцијација „Мост“ го почна процесот на набљудување на предвремените парламентарни избори. Веќе се распоредени 80 набљудувачи во сите општини, кои ги следат активностите на партиите, на државните институции и на изборните органи.
Од „Мост“ велат дека на 11-ти декември, на денот на изборите, ќе бидат ангажирани вкупно 3.300 луѓе.
Претседателот на МОСТ Дарко Алексов, на денешната прес-конференција, рече дека за сеопфатна оценка на текот на изборите набљудувачите на МОСТ ќе ги следат текот на изборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање, како и процесот на одлучување по приговорите.
