Канческа- Милевска: Политички театар во сценарио на СДСМ и СЈО
28.10.2016 12:44
Канческа- Милевска се појави пред судија на претходна постапка за случајот „Тендери“, истражна активност на Специјалното јавно обвинителство...

Министерката Канческа- Милевска се појави пред судија на претходна постапка за случајот „Тендери“, истражна активност на Специјалното јавно обвинителство. Ова е театар во сценарио на СДСМ и СЈО, изјави Канческа- Милевска.
„Сакам да истакнам дека ова е чист политички театар организиран од страна на СДСМ, каде СЈО се вклучува во ова политичко дејствување, се со цел да даде силна поддршка на СДСМ во овој период до изборите на 11-ти декември. Се што имав, кажав на прес- конференцијата одржана од моја страна“, рече министерката Елизабета Канческа- Милевска.
