Снег на Попова Шапка

28.10.2016 12:49

На повисоките планини во Македонија над 1.800 метри има снег, велат во УХМР.

Изутрината Попова Шапка осамна под бела покривка. Скијачкиот центар, хотелите и патеките се покриени со снег од 3 до 4 сантиметри.

На повисоките планини во Македонија над 1.800 метри има снег, велат во УХМР.

Од утре до средината на следната недела се очекува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула.