И покрај сиромаштијата, огромна количина храна завршува в ѓубре

28.10.2016 14:54

Во Македонија и покрај сиромаштијата огромни количини на храна завршува во ѓубре, велат од Македонската банка за храна. Од таму сметаат дека потребно е да се донесе закон кој ќе ја регулира оваа проблематика. Презентирани резултатите од проектот „Храната за гладните, а не на депонија“.

Да се забрани фрлањето храна и да се воведе задолжителна редистрибуција до оние на кои им е најпотребна. Ова се дел од мерките содржани во законот кој е во подготовка. Иницијатор е граѓанскиот сектор, а е според примерот на Франција. Во иницијативата се вклучени маркетите, дистрибутерите, рестораните велат од Македонската банка за храна.

Направено е истражување во Скопје, Битола, Тетово и во Струмица. Собраните податоци ќе бидат основа за поттикнување на сите субјекти во општеството за одржливо менаџирање со храна, редуцирање на отпадот од храна, евентуалното донирање на вишоците на храна, како и потребата од граѓанско учество вопроцесите за намалување на сиромаштијата.

Повеќе од една третина од целокупното светско производство на храна се губи додека да стигне од нива до трпеза. Во Македонија годишно на депониите завршуваат околу пет илјади тони храна.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска