Тутун: Квалитетната реколта најавува добра откупна цена

28.10.2016 16:00

Македонските тутунари денеска го одбележуваат Светскиот ден на тутунот. Годинава имаат помала, но квалитетна реколта и очекуваат добра цена при откупот. Од Институтот за тутун уверуваат дека оваа македонска стратегиска култура се бара на пазарот и има иднина.

Тежок е за работа, целото семејство е ангажирано и зависи од временските прилики. Но на македонските тутунари годинава им се погоди. Имаат помала, но квалитетна реколта.

Тутунопроизводството е егзистенција за речиси 30.000 македонски семејства. Велат, исплатливоста зависи од количествата и цената на пазарот.

Подготвени се да го модернизираат производството. На прагот на откупот, тутунарите не очекуваат проблеми, туку добра цена. Тој е стратегиска култура и учествува со речиси 20 насто во приходот на државава.

Од Институтот за тутун уверуваат дека иднината на македонското тутунопроизводаство е стабилна.

Годинашнава реколта тутун е тешка околу 20.000 тони.

 

Елизабета Митреска