Случај „Тендери“

Судот го одби барањето за одземање на пасошот на министерката Канческа- Милевска

31.10.2016 12:28

Специјалното обвинителство има право на жалба во рок од 24 часа од приемот на решението.

Кривичниот суд го одби барањето на Специјалното обвинителство за одземање на пасошот на министерката Елизабета Канческа- Милевска и на нејзиниот колега од министерството кои се осомничени во случајот „Тендери“. Од судот појаснуваат дека против ова решение Специјалното обвинителство има право на жалба во рок од 24 часа од приемот на решението.

Поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство, за двајца од осомничените СЈО побара од судот да им ги одземе пасошите како и да определи мерка на претпазливост- секој вторник да се јавуваат во Кривичниот суд.

Четворицата осомничени во случајот „Тендери“ се товарат дека незаконски спровеле јавна набавка со која го оштетиле државниот Буџет за милион евра.