Ахмети и Џафери бараат 5,5 милиони денари отштета од Богоески

31.10.2016 12:42

Богоески пред американскиот суд посочил дека со службен владин автомобил во земјава биле внесени 7,5 милиони евра наменети за поткуп на тројца политичари- поранешниот премиер Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети бара 3 милиони денари отштета од поранешниот директор на УБК Слободан Богоески. Неговиот сопартиец Муса Џафери од екс- разузнавачот бара 2,5 миниони денари. Политичарите поднесоа тужба за навреда и за клевета поради изјавата на Богоески дадена за Њујоршкиот суд за случајот „Маѓар телеком“.

Богоески пред американскиот суд посочил дека со службен владин автомобил во земјава биле внесени 7,5 милиони евра наменети за поткуп на тројца политичари- поранешниот премиер Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.

Судскиот процес се одложи бидејќи на Богоевски сѐ уште му течел рокот за одговор на тужбата.