БЕГ: Отстранет дефектот во диструбиција на топлинска енергија во Центар
31.10.2016 12:54
Нормализирано е снабдувањето со топлинска енергија на вкупно 9 згради како и на Клиниката за хируршки болести и на неколку други институции лоцирани на просторот меѓу булеварите „11 Октомври“ и „Кочо Рацин“.

Екипите на БЕГ- Дистрибуција утрово го отстраниле големиот дефект на секундарната топлинска мрежа со што е нормализирано снабдувањето со топлинска енергија на вкупно 9 згради како и на Клиниката за хируршки болести и на неколку други институции лоцирани на просторот меѓу булеварите „11 Октомври“ и „Кочо Рацин“.
Од БЕГ- Снабдување појаснуваат дека биле заменети 20 метри долг цевковод со што е целосно нормализирано снабдувањето на потрошувачите со топлинска енергија.
