Нов контингент чешки полицајци на границата на Македонија
01.11.2016 10:36
Чешките полицајци им помагаат на нивните колеги во мониторингот на границата, преку спроведување безбедносни проверки и пребарување возила.

Нов контингент од 55 припадници на чешката полција ќе бидат распоредени во Македонија и Србија во рамки на мисијата за помош во обезбедување на границата поврзана со мигрантската криза.
Чешките полицајци им помагаат на нивните колеги во мониторингот на границата, преку спроведување безбедносни проверки и пребарување возила.
Пет тима нa чешки полицајци се веќе распоредени во Македонија, а по прв пат еден тим ќе биде испратен и ќе оперира во Србија.
