Командантот на Копнените сили на САД за Европа во посета на Македонија

01.11.2016 10:45

За време на престојот, генерал Хоџис ќе има средби со министерот за одбрана Зоран Јолевски и со неговиот домаќин началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

Командантот на Копнените сили на САД  за Европа, генерал-потполковник Фредерик Бен Хоџис престојува во дводневна официјална посета на Македонија и Армијата на Република Македонија.

За време на престојот, генерал Хоџис ќе има средби со министерот за одбрана Зоран Јолевски и со неговиот домаќин началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

Теми на разговор ќе бидат учеството на заеднички вежби и обука меѓу АРМ и Копнените сили на САД за Европа, како и учество на АРМ на меѓународните вежби поддржани од Копнените сили на САД за Европа во 2017 година.