Укината забраната на ЗАМП
Македонската музика од денеска се враќа во домашниот етер. Минстерството за култура ја укина забраната од ЗАМП која се однесуваше и на авторски дела и од други држави од просторите на поранешна Југославија. Од здружението најавија реакција за наредните денови. Проблемот со тарифникот доведе до уникатен случај во светски рамки кој се чини добива расплет.

Министерството за култура ја укина одлуката на ЗАМП за забрана за емитување на авторски музички дела на радио и на телевизија. Од извршениот надзор над Одлуката на Собранието на ЗАМП е констатирано дека не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права. Од ЗАМП денеска немаа конкретен одговор за новата ситуација. Во телефонска изјава оттаму ни рекоа:
„Писмено ќе се произнесеме за ова прашање откако органите и телата ќе донесат одлука по однос на одлуката на министерството за култура“.
Здружението кое тврди дека ги застапува интересите на 6000 македонски автори ,како и интересите на авторите од другите земји челенки на асоцијацијата ЦИСАК одлучи да забрани емитување македонска, хрватска, српска, словенечка и црногорска музика. Главен проблем е тарифникот за што нема согласност со второто здружение, објаснија за МТВ неодамна од ЗАМП.
„За жал не очекувавме таков развој на настаните, но авторите немаа ибор. Почувствуваа дека и она малку што го добиваат и тоа ќе го снема. Просечно доаѓа автор за овој труд ако на пример имате 50 компазиции вие на годишно ниво, вие од композиција можете да добиете 10 евра. Таа е сумата што ја добиват авторите и таа треба сега да се спушти и да биде да кажеме едно евро“, изајви Живоин Глишиќ- Претседател на Собранието на ЗАМП.
Законот му дава на Министерството за култура одврзани раце со решение да запре извршување одлука, потег којшто е повлечен денеска. Освен ова, можно да поведе и постапка пред надлежниот суд за оцена на законитоста на актот.
Игор Панов
