Превирања во Синдикатот за одбрана и безбедност
Кој е легитимниот претседател на Синдикатот на вработените во одбраната и безбедноста? Меѓусебни обвинувањата меѓу стариот и новоизбраниот лидер за статутарен упад. Ајтов тврди дека ова врзано со одлуката за штрајк. Стојановски вели дека не поддржува штрајк во одбраната. И двајцата сметаат дека се легитимно избрани.

И претседателот на синдикатот избран на минатогодишниот конгрес Ристо Ајтов и претседателот избран на конгресот минатиот месец, инициран од Одборот за спас на синдикатот Оливер Стојановски, тврдат дека се легитимни. Ристо Ајтов бил сменет поради неодговорно раководење и финансиски малверзации, тврди Стојановски. Ајтов возвраќа- Стојановски беше член на Надзорниот одбор и е потписник на документите за законското финансиско работење на Синдикатот.
Стојановски не се откажува од функцијата се додека стои запишан во Централниот регистар, иако ресорното министерство донесло решение за ништовност на неговиот избор. Ајтов, тврди дека Стојановски сѐ уште не е избришан од регистерот поради тесните врски со властите, но за тоа, како што вели, ќе сноси одговорност.
Двојството во раководењето ја отежнува состојбата со најавениот штрајк. Стојановски нема да дозволи штрајк. Минимални биле барањата, вели и во лош политички момент. Ајтов порача органите донесле одлука за штрајк според барањата на членството и Стојановски ќе мора да ја спроведе одлуката за штрајк.
Извори од ССМ укажуваат и на превирања во повеќето синдикати.
Фиљана Кока
