ДИК: Досега пријавени 4.872 лица кои се на привремена работа во странство
02.11.2016 10:27
Како што известија од ДИК, од 29.858 лица, кои беа утврдени како спорни записи- се пријавиле 83 лица, од кои на 73 им е потврдено избирачкото право.

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа информираше дека досега 4.872 лица кои се на привремена работа во странство се пријавиле преку електронската апликација за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва.
Јавен увид во избирачкиот список досега извршиле 766 избирачи, а сите други тоа може да го сторат до 11-ти ноември.
Како што известија од ДИК, од 29.858 лица, кои беа утврдени како спорни записи- се пријавиле 83 лица, од кои на 73 им е потврдено избирачкото право.
Една пријава е во фаза на разгледување, а девет се во фаза на обработка.
