Се уредува локалитетот Рудина- лулката на гајдаџиството во Македонија
По 42 години, лулката на гајдаџиството во Македонија, локалитетот Рудина, конечно се уредува. Сценскиот простор со бина и капацитет за 400 гости треба да биде готов есенва. Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ е амбасадор на македонското богато изворно наследство...

Рудина кај Долнени, лулката на гајдаџисиството во Македонија, се гради. Се обликува сцената како амфитеатар од каде 42 години се разлеваат звуците на гајдата, кавалот, тапанот. Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ наскоро ќе го добие своето изворно место комплертно уредено.
За долненци, Рудина е синоним за амбасадор на македонското изворно творештво во светот. Со ова е исполнет и аманетот на најпознатиот светски гајдаџија- долненецот Пеце Атанасовски.
Од фестивалот задоволни што наредното издание на оваа меѓународна манифестација достоинствено ќе ги пречекува гостите од земјава и светот.
Амфитеатарот има капацитет за 400 гости и ќе биде готов за неполн месец. Фестивалот „Пеце Атанасовски“ се одржува во првата половина на јули.
Елизабета Митреска
